Спуштен плафон – Дизајн
Спуштен плафон во внатрешните простори може да го направи ентериерот многу по елегантен, и да му даде топлина и смиреност на просторот доколку истиот правилно се направи.
Денес Архитектите и Дизајнерите на внатрешен ентериер ја користат оваа алатка – спутен плафон, се повеќе и повеќе. Во најголем дел се користи преку оформување на елементи за инсталирање на скриено светло, што дополнително го прави просторот поелегантен.
Скриеното светло може да се инсталира на повеќе начини, во зависност колку архитектот за ентериер бил креативен во процесот.
Спуштениот плафон е алатка која може да се користи за целосно да го смени просторот во кој боравите. Добар дизајнер на ентериер, ќе го искористи спуштениот плафон за да го омекне просторот и да го направи визуелно попривлечен.
Во последните години, се повеќе се во тренд заоблените детали на плафоните во кои дополнително се инсталира скриено светло, кое за крајна цел има да создаде еден убав простор, со пријатна атмосфера.
Последниот период многу често спуштен плафон претставува маска за големите бетонски носечки греди кои се појавуваат во просторите, најчесто на непосакувано место. Со зголемување на волуменот на гредата, и додавање на некаков детал, или лед светло, се добива површина која е попријатна за окото, и не ја нарушува геометријата на просторијата, како што тоа го прават големите бетонски греди.
Спуштен плафон – Криење на Бетонска греда
Во овој дел ќе зборуваме за случаеви, каде што, во денешните станови, најчесто во дневна и спална соба, се појавува бетонска греда со големи димензии, која најчесто е на непријатно место, и создава чудни сенки во вашиот простор. Воедно спиењето и боравењето под вакви носечки елементи предизвикува чувство на дискомфорт и нелагодност, што негативно влијае на вашето спиење и целокупната благосостојба.
Што да направите доколку имате бетонска греда над вашиот кревет во спалната соба, или во вашата дневна соба.
1. Потрудете се да ја сокриете гредата со правење на спуштен плафон.
2. Доколку е можно, избегнувајте учење, работење или спиење под греда.
3. Изработете спуштен плафон со скриено амбиентално светло.
Спуштен плафон
Доколку спуштите дел од плафонот, на пример доколку би криеле греда, често би се одлучиле да продолжите со интервенцијата и кон другиот дел од просторијата. Доколку го правите тоа, треба да го направите умешно и да го искористите потенцијалот на просторот и на можностите кои ги нуди флексибилноста на спуштените плафони од гипс картон, особено кога станува збор за светлото.
Во спуштените плафони покрај скриените светла, може да се постават и други инсталации, како грејни системи и вентилација, затоа паметно искористете ги, кога веќе сте се одлучиле за ваков чекор.
Кога се поставува скриено свело во спуштен плафон, многу е битен начинот на кој истото се инсталира. Секогаш треба да е поставено на алуминиумски профил и поклопен со плексиглас, со правилна насоченост на лед лентата.
Примери за одличен начин на изработка на спуштен плафон.
Во ентериерите во прилог, може да ја почувствувате правата моќ на спуштениот плафон кој може да ја има над вашиот простор. На повеќето од нив може да ја забележите елеганцијата која ја создава во просторот, заедно со минималните светла интегрирани или сокриени во него.
Во моментов на светско ниво преовладуваат дизајните со заоблени агли и неизбежното скриено светло. Сега плафоните добиваат поголемо внимание од било кога, што само го прави просторот попријатен.
Она што е тренд е исто така обложување на плафоните со дрвени текстури, давајќи дополнителна топлина во просторот, креирајќи простор во кој ќе сакате да боравите.
Доколку после овој блог, размислувате како да го изведете вашиот плафон, вие сте на правото место. Слободно исконтактирајте го нашето студио за изработка на проект за внатрешно уредување
TУКА
можете да ги погледнете дел од нашите проекти кои се изведени идентично според нашите проекти. Нашиот искусен тим од архитекти, вложува големо внимание на нашите проекти за да се креира простор кој ќе одговара на вашите потреби.
На овој link посетете го нашиот победнички проект во категорија угостителство, кој остави посебен печат во нашето портфолио.