Select Page

Дизајнер за внатрешно уредување

Внатрешниот дизајн е гранка која спаѓа во Архитектурата и претставува склоп на уметност и наука за подобрување на внатрешниот простор на градбите, за да се постигне поздрава и естетски попријатна средина за луѓето кои го користат тој простор. Дизајнер за внатрешно уредување е пак, архитект кој планира, истражува, координира и управува со проекти за ентериер. Дизајнот на ентериер или внатрешното уредување е повеќеслојна професија која вклучува концептуално развивање и планирање на просторот, локацијата, програмирање, истражување на материјали, комуникација со засегнатите страни на проектот, и управување со изведбата на проектот.

Со оваа професија се занимаваат Архитекти и дизајнери на мебел. Во секој случај Архитектите имаат поголемо познавање околу целокупната проблематика со изведба и планирање на вашиот простор. Додека Архитектот ги познава основните начела на проектирање, и активно се занимава со проектирање на градби, дизајнерите на мебел работат на далеку помал опсег. Кога ангажирате Архитект, како дизајнер за внатрешно уредување на вашиот простор, без разлика од каков тип е истиот, бидете сигурни дека архитектот со познавање на начелата на архитектурата и ергономијата, може да осмисли далеку пофункционален простор преку длабинско навлегување во проблемот.

dizajner za vnatreshno ureduvanje

Архитектот кој би го ангажирале треба да има голем акцент на планирањето, функционалниот дизајн и ефективното користење на вашиот простор. Архитектите можат да го преземат и делот од проектот кој подразбира технички ставки, како прозори, осветлување, инсталации за водовод, електрика и сл.

Кога за вашиот проект е задолжен архитект, истиот треба да биде високо квалификуван за да создаде внатрешна средина која е функционална, здрава, сигурна, и ќе се придржува кон основните градежни начела. Дизајнот на ентериер не е само одбирање на бои и мебел, Архитектите го аплицираат нивното знаење во развивање на проект за изведба и технички инсталации кои се прилично сложени и со висока деталност.

За вашиот простор да добие правилен третман, многу е битно да внимавате при изборот на фирма или дизајнер за внатрешно уредување кој  ќе го дизајнира проектот за ентериер во кој Вие ќе треба да живеете одреден период од животот. 

Проектите за внатрешно уредување на било каков простор, не треба да се разбираат како нешто едноставно. Секој простор има свои комплексни елементи, особено доколку архитектурата не е квалитетна. Со денешниот развој на настаните на огромна продукција на станбени единици, квалитетот на архитектурата е во ,,слободен пад”. Со тоа луѓето кои купуваат станбени единици многу често доаѓаат во ситуација, самите да не можат да го решат просторот според нивните основни потреби.

 

 

dizajner za vnatreshno ureduvanje

Тука можете да погледнете дел од нашите проекти кои се изведени идентично според нашите проекти. Нашиот искусен тим, на своите проекти вложува голема доза на внимание и време онолку колку што е потребно за да се креира функционален простор кој ќе ги задоволи вашите потреби.

dentist design
dizajn na restoran
dizajn na kafik

Заболекарска Ординација

Прилеп
130м2

Дизајн на ресторан

Скопје
250м2

дизајн на COFFEE SHOP

Прилеп. Soho
35м2

Дизајн на кујна

Дизајн на кујна - совршениот распоред е клученВо...

Спуштен плафон

Спуштен плафон - ДизајнСпуштен плафон во...

Eнтериерно решение – Пред и Потоа

Ентериерно решение - Пред потоаВо светот на...

Дизајн на дневна соба

Дизајн на дневна собаМодерен дизајн на дневна...

Архитект за внатрешно уредување

Незаменливата улога на Архитект за внатрешно...

Осветлување – најбитен елемент во вашиот дом

Осветлување на ентериер -  најбитен елемент во...

Внатрешно уредувања на стан

Внатрешно уредување на стан - проектБенефити од...

Кога да се нарача проект за внатрешно уредување?

Кога да се нарача проект за внатрешно...

Дизајн на ентериер во Скопје

Што значи да креираш добар дизајн на ентериер во...

Address

Skopje, North Macedonia

Email

Phone

00 (389) 75 376 209

12 + 2 =