Select Page

Осветлување на ентериер –  најбитен елемент во вашиот дом

Осветлување во дизајн на ентериер подразбира креативно и наменско користење на вештачката светлина со цел нагласување на убавите детали и естетиката на просторот. Додадената светлина може да ги потенцира и да ја нагласи убавината на некои работи, или па доколку имаме лош дизајн и лошо дизајнирано светло, истото да го потенцира.

Архитектите кои дизајнираат внатрешен простор внимателно го прават изборот на расвета и контрола на повеќето извори на светлина во просторот, за да создадат пријатен амбиент, да истакнат одредени карактеристики и пред се функционално осветлување на просторот.

Осветлување претставува е еден од најважните аспекти на дизајн на ентериер и игра клучна улога во декорот. Осветлувањето е многу повеќе од аксесоар и има моќ комплетно да ја промени атмосферата во еден простор, и може малите простори да направи да изгледаат визуелно поголеми.

Правилното предвиденото осветлување го подобрува дизајнот на ентериерот и ги истакнува најдобрите карактеристики на вашиот дом.

Постојат четири главни типа на осветлување на ентериер – амбиентално, помошно светло, насочено светло  и декоративно осветлување.

Амбиентално осветлување на ентериер

Амбиенталното осветлување е едно од најважните типови на светло кое се користи за да се осветли било кој простор. Амбиенталното светло може да биде, природно светло од прозорите, или висечко светло како лустери, или пак магнетни шини со рефлектори и скриени Led ленти.
Обезбедување на просторот со целокупно осветлување овозможува безбедно движење во просторот и е основно и примарно за создавање на атмосфера во било кој простор.

Еден од најзастапените примери во модерното уредување е употребата на LED-от во форма на ЛЕД ленти, кои се инсталираат во форма на скриени светла. Лед лентите доаѓаат во 2 типа, едните функционираат на 12V,  а другите на 220V. Исто така, овој тип на осветлување доаѓа во повеќе варијанти на светлина: RGB, кое свети во основните 3 бои, и ЛЕД ленти со една боја на светло, која се изразува во Келвини. Најдобра температура на светло за домашни услови е онаа со вредност од 3000К, Бидејќи истата дава топол амбиент и чувство на припадност. За работни простории се употребува 4200К, а за магацини и лаборатории 6400К.

Каде може да се користи амбиентално осветлување.
– амбиенталното осветлување може да се користи во сите простории на вашиот дом;
– поставено по ѕидовите на вашите простории;
– поблиску до плафонот, како што би се пренесувала светлината поефективно.

осветлување-амбиентално
осветлување-помошно

Помошно светло

Помошното светло се употребува за да ни олесни некои одредени активности, како што се читање, готвење или работа на компјутер. Обично е посветло и поинтензивно од амбиенталното светло, и насочено кон потребата за која е монтирано. Овој тип на светло може да доаѓа од различни типови на извори, како што се: столни ламби, ламби над наткасна, лед светла и сл.
Помошното светло обезбедува зголемена светлина за специфични работни задачи во некоја просторија, која веројатно веќе има присуство на некакво амбиентално светло.

Помошното светло може да се користи како:
– во канцеларија, на биро;
– во кујна, под горните елементи во форма на лед лента;
– во спална, како светло за читање;
– во бања, во форма на светло покрај огледалото.

Насочено светло

Насоченото  светло се користи за да акцентира одредени елемети на една просторија, како влез, растенија, уметнички дела, камин и сл. Може да игра значајна улога во создавањето на моменти на драма и карактер во вашите простори.

Овој тип на светло, исто така се нарекува и акцентирачко светло, бидејќи го појачува фокусот на елементи преку дирекно фокусирање на светлина врз нив. Овој начин на осветлување се користи и надвор од затворените простории, за назначување на влезови и фасади. 

Насоченото светло во најголем дел од случаите треба да биде со неколку пати помоќна светлина од амбиенталното осветлување, за да го постигне ефектот, а да не се претопи во амбиентот и да ја изгуби неговата функција. 

Најчесто се инсталира во форма на шински магнетни рефлектори, насочени вградни и надградни спот светла. 

Насоченото светло може да се користи како:
– да истакни и насочи внимание кон некоја уметност;
– нагласување на архитектонски елементи;
– во форма на декоративно светло;
– игра на светло и сенки за создавање на атмосфера.

осветлување-насочено
осветлување-декоративно

Декоративно осветлување на ентериер

Декоративното осветлување се користи исклучиво за естетски моменти, за додавање на повеќе стил. Овој дел го претставува четвртиот леер на осветлување, и едноставно кажано е како ставање ,,накит” во вашиот дом, кој ќе му помогне да светка и сјае. Подразбира додавање на ѕидно светло, висечки лустери и спуштени светла.

Декоративното светло обезбедува осветлување за целата просторија кога се користи, се фокусира на мала површина и нуди додатен амбиент во просторот. Тоа подразбира дека овој тип на осветлување не се користи во сите моменти, туку само во моменти со посебно внимание.

Моделите од овој тип доаѓаат во уникатни форми, неконвенционални дизајни и креативни комбинации на бои и обработки. Можат да бидат во форма на висечко светло, ѕидно светло, столни ламби и сите другиве видови, само доколку имаат поспецифичен дизајн, и се по авангардни од останатиот тип на светло во целокупниот простор.

Декоративното светло може да се користи како:
– Во влезна партија на вашата куќа;
– Над трпезариска маса;
– Во дневна соба;
– Sидни светла во спална соба.

Тука може да ги погледнете нашите проекти и да видите на кој начин го користиме осветлувањето во нашите проекти.

Најголем дел од осветлувањето кое што го поставуваме е шинското осветлување, поради неговиот софистициран дизајн, лесната адаптивност во секакви ситуации, неговата флексибилност, од аспект на поместување на светлечките тела според потребата во просторот.

Друг тип на светло кој најчесто го употребуваме за креирање на амбиенти и атмосфери е ЛЕД скриеното осветлување, кое кога е вистински употребено може само да ја подобри атмосферата неколкукратно.

Во ОВОЈ проект, имаме инсталирано повеќе типови на осветлување, и со истиот проект, добивме награда како најдобар проект во просторите на поранешните ЈУ републики, од категоријата на угостителство

Coffee Shop Design Project Soho

Дизајн на кујна

Дизајн на кујна - совршениот распоред е клученВо...

Спуштен плафон

Спуштен плафон - ДизајнСпуштен плафон во...

Eнтериерно решение – Пред и Потоа

Ентериерно решение - Пред потоаВо светот на...

Дизајн на дневна соба

Дизајн на дневна собаМодерен дизајн на дневна...

Архитект за внатрешно уредување

Незаменливата улога на Архитект за внатрешно...

Дизајнер за внатрешно уредување

Дизајнер за внатрешно уредувањеВнатрешниот...

Внатрешно уредувања на стан

Внатрешно уредување на стан - проектБенефити од...

Кога да се нарача проект за внатрешно уредување?

Кога да се нарача проект за внатрешно...

Дизајн на ентериер во Скопје

Што значи да креираш добар дизајн на ентериер во...

Address

Skopje, North Macedonia

Email

Phone

00 (389) 75 376 209

10 + 9 =