Select Page

Што значи да креираш добар дизајн на ентериер во Македонија?

Овој блог мора да започне со парафразата ,,Дизајн на ентериер не е само редење на мебел во 3Д”.
Дизајнот на ентериер е креативната гранка на архитектурата, која подразбира чувствување на просторот пред негово формирање.
За секој проект потребно е негова посета, детално мерење, анализирање и запазување на сите детали кои тој простор ги крие во себе.
За да се направи еден добар дизајн за ентериер, потребно е прво тој простор да се почувствува длабоко, за потоа да може архитектот да направи добро решение, или да го подигне просторот на сосем ново ниво.

– За нас како студио, најбитно е секој дизајн на ентериер да добие негова комплетна реализација која ќе соодветствува со 3Д визуелизацијата на просторот. Тоа подразбида употреба на достапни материјали, мебел, осветлување и сите детали кои ќе бидат употребени. Секој дизајн на било каков простор, подразбира претходна анализа, паралелно со развивањето на идејата за просторот. Таа анализа се состои од проверка на достапност на материјали, мебел, осветлување и други елементи. Исто така, многу е корисно од напред да се селектира фирма изведувач која би работела на деталите, така што би се испитало нивото на способност на изработка на деталите.

– Она што е збунувачки тренд во нагорна линија во дизајнот на ентериери е ставањето на мебел и осветлување од светски брендови, кои имаат многу висока пазарна вредност, некогаш повисока и од купувната моќ на клиентот, и со тоа го прават просторот да изгледа на едно многу високо ниво, но за жал истиот тој дизајн ретко ја осознава неговата реализација предвидена со проект, па тој дизајн на крај станува подложен на промени, за во многу случаи финалниот резултат на таков проект да прерасне во ,,карикатура” на самиот проект

GVRL Architects е единственото студио во Македонија, кое настојува своите потпишани проекти да ги изведе максимално соодветно на проектот, без никакви промени во неговата изведба, што низ минатото богато искуство, покажува дека тоа е единствениот начин да се достигне максималниот потенцијал на просторот кој е третиран.