Select Page

Кога да се нарача проект за внатрешно уредување?

Нарачка на проект за внатрешно уредување е процес кој вклучува, планирање, дизајнирање, проектирање и трансформација на простор според насоките и барањата на клиентот и неговите преференци.

Оптималното време за изработка на проект зависи од повеќе фактори, како што е размерот, буџетот, временскиот рок и достапноста на архитектот/дизајнер и изведувачите.

Проект за внатрешно уредување се нарачува 3 до 6 месеци пред финалниот рок за имплементација на дизајнот, со што му оставате доволно време на ангажираното студио за истражување, консултации, развивање на дизајнерска идеја, ревизии, набавки и монтажи.

Нарачајте проект за внатрешно уредување кога имате чиста и јасна визија што точно сакате да постигнете, или кога ви треба професионална услуга за да ги дефинирате вашите цели и стил.

gavril boshkoski

Gavril Boshkoski

Contact the author

Вистинско време за ангажирање на архитект за вашит простор е, кога ќе оформите реален буџет, кој треба да ги покрие трошоците за изработка на проект, материјали, работна рака и други непланирани трошоци.

Во моментот кога сте спремни да се посветите максимално на процесот и да соработувате со професионалец од областа на внатрешното уредување, тогаш е вистинско време да нарачате проект. Имајќи во предвид дека секој проект е единствен и уникатен, и изработен специјално за Вас.

 

12 + 3 =

Изработката на проект за вашиот простор може да ви донесе многу бенефити, како што е подобрена функционалност, естетика, комфор и вредноста на вашиот простор.
Но најбитен дел е заштедата на вашето време, финансии и стресот кој го избегнувате, заедно со потенцијалните грешки кои настануваат при самостојно уредување на вашите простори.

Честите грешки кои што се случуваат при самостојното уредување на вашиот простор, можат да ја нарушат вашата атмосфера и благосостојба во домот. Корекцијата на тие грешки некогаш чини значително повеќе одколку набавка на проект за внатрешно уредување. Најчести такви грешки се, погрешни нијанси на ѕидови и погрешни димензии на мебел.

minimalizam enterier
minimalizam

Најчести грешки при уредување на вашиот простор.

– Одбирање  погрешна боја на ѕидови, мебел и аксесоари кои влијаат на атмосферата, стилот и хармонијата во просторот.

-Одбирање на мебел кој е преголем, или премал за вашиот простор, што може да предизвика проблеми со функционалноста, пропорцијата и циркулацијата во просторот.

-Набавка на премали теписи, кои не одговараат на големината на собата или поставувањето на мебелот, може да направи вашиот простор да изгледа чудно и разединето.

-Немањето доволно светло, или набавување на погрешен тип на светло, може да влијае на амбиентот, видливоста и комфорот на тој простор.

Дизајн на кујна

Дизајн на кујна - совршениот распоред е клученВо...

Спуштен плафон

Спуштен плафон - ДизајнСпуштен плафон во...

Eнтериерно решение – Пред и Потоа

Ентериерно решение - Пред потоаВо светот на...

Дизајн на дневна соба

Дизајн на дневна собаМодерен дизајн на дневна...

Архитект за внатрешно уредување

Незаменливата улога на Архитект за внатрешно...

Дизајнер за внатрешно уредување

Дизајнер за внатрешно уредувањеВнатрешниот...

Осветлување – најбитен елемент во вашиот дом

Осветлување на ентериер -  најбитен елемент во...

Внатрешно уредувања на стан

Внатрешно уредување на стан - проектБенефити од...

Дизајн на ентериер во Скопје

Што значи да креираш добар дизајн на ентериер во...

Address

Skopje, North Macedonia

Email

Phone

00 (389) 75 376 209

10 + 10 =