Select Page

Дизајн на дневна соба

Модерен дизајн на дневна соба треба да е појдовна точка за секој дом. Дневната соба претставува главен простор во вашиот дом, кој треба да е комфорен, и привлечен, креиран според вашиот ,,лајфстајл”. Додека „модерното“ и „современото“ често се третираат како синоними и се користат наизменично, постои техничка разлика помеѓу поимите. За дизајнерите на ентериер и архитектите, модерен ентериер има корени во модернизмот и модерната архитектура и дизајн од средината на 20 век, додека современиот ентериер се однесува на стилови што го одразуваат периодот од крајот на 20 век до денес. Но, за сите други, зборот „модерно“ е едноставно синоним за ентериери кои се чувствуваат свежи, привлечни и прифатливи за живеење овде и сега.

Модерните дневни соби црпат инспирација од минатите стилови на дизајн и естетика, реинтерпретирајќи ги традиционалните стилови на современ начин за да создадат простори кои се современи и иновативни. Креирани за опуштено семејно време и секојдневна забава, денешните дневни соби еволуираа за да вклучуваат елементи како што се ултра удобно седење, фокус на природна светлина и флексибилни распореди кои можат да бидат дел од простори со отворен план, во комбинација со трпезарија или заеднички простор со кујна, далеку од загушливите и формални дневни соби од минатото.

Во прилог неколку дизајни на дневна соба кои во моментов се најбарани.

дизајн на дневна соба

1. Модерен Неокласичен дизајн на дневна соба

 

Еден од најомилените трендови во моментов е модерниот неокласичен внатрешен дизајн. Сепак, неговата впечатлива убавина влече корени од ерата на разумот од 18 век. Во овој период, уметниците и филозофите се свртеа кон класичната традиција на рационално размислување и умереност.

Неокласичниот внатрешен дизајн повторно ужива во популарноста бидејќи клиентите се повеќе сакаат да внесат допир на традиционална елеганција во нивните домови. Ако барате инспирација за да вклучите неокласични елементи во вашиот дизајн, прочитајте го овој текст. Овој дизајн ги користи неокласичните елементи свежо и иновативно, што резултира со простори кои се безвременски елегантни.
Откако ќе се одлучите за шема на бои, следно треба да изберете мебел што го надополнува неокласичниот дизајн. Барајте работи кои се едноставни и убави, со малку украс. Бледи бои, мермерни подови и луксузни мотиви се други чести карактеристики на модерните неокласични ентериери.


5 главни карактеристики на Модерниот Неокласичен стил за дизајн на дневна соба
– Sидните лајсни се од есенцијално значење
– Употреба на луксузни декоративни елементи
– Многу природни материјали
– Употреба на пригушени тонови на бои
– Едноставен и симетричен мебел

dizajn na dnevna soba

2. Луксузен Минимализам

Луксузниот минималистички внатрешен дизајн се залага за едноставност, хармонија и одмерен дизајн кој не се наметнува, и е тука за да остане. Непотребните елементи се исклучени, а функцијата зазема централно место.

Денес, раскошните и пренатрупани ентериери се сметаат за нападни и претенциозни, додека едноставно дизајнираните простори со пријатна и топла атмосфера се ценат се повеќе. Поради овој факт, минализмот и луксузот можат хармонично да опстојуваат и денес, со правилно комбинирање на материјали и тип на мебел.

Во дизајнот на ваквите простори, овој стил го нагласува квалитетот а не квантитетот на одредени предмети и материјали. Естетиката е префинета и составена од компоненти направени од висококвалитетни материјали направени да траат вечно.

Неколку главни карактеристики на овој стил се: големи прозорски отвори, кои го врамуваат погледот и станува центар на вниманието; нагласување на архитектонската естетика на просторот; креирање на топлина со употреба на природни материјали како дрвени облоги и сл.

модерен дизајн на дневна соба

TУКА
можете да ги погледнете дел од нашите проекти кои се изведени идентично според нашите проекти. Нашиот искусен тим од архитекти, вложува големо внимание на нашите проекти за да се креира простор кој ќе одговара на вашите потреби.

На овој link посетете го нашиот победнички проект во категорија угостителство, кој остави посебен печат во нашето портфолио.

BT House design

Beaty studio design

LUXURY APARTMENT DESIGN

Дизајн на кујна

Дизајн на кујна - совршениот распоред е клученВо...

Спуштен плафон

Спуштен плафон - ДизајнСпуштен плафон во...

Eнтериерно решение – Пред и Потоа

Ентериерно решение - Пред потоаВо светот на...

Архитект за внатрешно уредување

Незаменливата улога на Архитект за внатрешно...

Дизајнер за внатрешно уредување

Дизајнер за внатрешно уредувањеВнатрешниот...

Осветлување – најбитен елемент во вашиот дом

Осветлување на ентериер -  најбитен елемент во...

Внатрешно уредувања на стан

Внатрешно уредување на стан - проектБенефити од...

Кога да се нарача проект за внатрешно уредување?

Кога да се нарача проект за внатрешно...

Дизајн на ентериер во Скопје

Што значи да креираш добар дизајн на ентериер во...