ДИЗАЈНОТ Е НАША ПАСИЈА
GVRL+
е наградувано студио за архитектура и дизајн Оформено од Гаврил Бошкоски во 2021г,
GVRL+
е мултидисциплинарно дизајн студио кое брзо прераснува во центарот на вниманието на интернационалната сцена.
Мотивирани од глобалните трендови, нашата цел е да создаваме пријатни и безвременски простори за клиентите локално, но исто така и надвор од границите во Европа и пошироко. Нашето студио ги прспособува нашите дизајнерски проекти за да им одговараат на животниот стил на нашите клиенти, истовремено држејќи високи стандарди на извонредност и убавина. Предводено од нашиот главен Архитект Гаврил Бошкоски, кој поседува богато искуство од областа на дизајнор и инженерските принципи пред да го основа своето студио. Нашето портфолио со проетки опфаќа низа проекти за внатрешен дизајн и архитектура, почнувајќи од станбени објекти, деловни простори, канцеларии, здравствени установи и тн.
Филозофија
Ние сметаме дека вашата вистинска личност треба да блесне преку дизајнот на вашиот простор. Затоа нашето студио е фокусирано на креирање простори кои го отсликуваат вашиот уникатен идентитет и ја изразуваат вашата приказна. Во сите наши проект ќе забележите доза на елеганција. Нашиот стил, неретко спојува безвременски и модерни стилови, создавајќи свежа и уникатна атмосфера. Нашиот тим му пристапува на секој проект со непоколеблив ентузијазам, инспирација и желба за создавање нешто вистински посебно.
Пристап
Иновативниот и дизајнот по нарачка, е во суштината на нашиот пристап во GVRL+ Architects. Тесно соработуваме со нашата разновидната клиентела од првиот состанок до крајниот дизајн, па се до изведбата. Секој наш проетк за внатрешно уредување кој го работиме е специјално креиран со оглед на неговиот уникатен амбиент, покажувајќи извонредна вредност и чист архитектонски израз. Дополнително, секој аспект на проектот е повторно разгледан се со цел да одговара на барањата на клиентите. Доколку имате потреба, нашето студио обезбедува стручен надзор во текот на изведбата, залагајќи се за високо задоволство на клиентот од почеток до крај.
Резултат
Во секој проект за внатрешен дизајн кој го превземаме, ние ги почитуваме информациите и барањата кои ги добиваме од клиентите, и беспрекорно ги интегрираме во креативниот процес. Заедно започнуваме патување за да ја оживееме визијата на нашите клиенти, обезбедувајќи стручни соработници на секој чекор од патот. Нашиот прецизен и педантен однос кон деталите, заедно со нашата страст за дизајн на иновативни ентериери и архитектура, е препознат од нашите бројни клиенти. Како што добиваме поголема доверба, и со растењето на нашето искуство, ние константно ги подобруваме нашите услуги. Ова значи дека, како што вашата уникатна визија се обликува, така се адаптираме и ние, континуирано се подобруваме за да го дадеме најдобриот резултат.
Our Founder

Гаврил Бошкоски е млад и успешен архитект кој работи во своето студио во Скопје, Македонија. Со неговата креативност и мотивираност да ги подобрува просторите на неговите клиенти, Гаврил за кратко време успеа да изгради име во светот на архитектурата и дизајнот на ентериери во Македонија и пошироко.
Неговата кариера започна многу рано. Гаврил беше фасциниран од тоа како градбите го оформуваат светот околу нас и прават разлика во нашите животи. Неговиот сон го започна со студирање на архитектура на Универзитетот во Скопје, каде ги разви неговите вештини и ги оформи неговите технички аспекти на професијата.
После магистерските студии, Гаврил ја започна неговата кариера во добро познати македонски, архитектонски студија, работејќи на комплексни и објекти со висока вредност. Гаврил брзо акумулираше искуство, работејќи на различни проекти кои вклучуваат: резиденцијално домување, комерцијални објекти, проектирање на канцелариски простор, угостителство и сл. Неговата оддаденост на професијата, направи Гаврил брзо да оформи име кое одскокнува над другите и започна да работи со свои клиенти.
Пристапот на Гаврил е заснован врз барањата и потребите на клеинтите. Гаврил вложува време, повеќе од потребното за да ги разбере нивните визии и цели на просторот, работејќи со активна комуникација константно до самото завршување на процесот, секогаш барајќи методи за подобрување на процесот на работа и воведување на најновите технолошки достигнувања во архитектурата и ентериерот.
Неговата посветеност и труд стремејќи се кон перфекционизам, му донесе лојални клиенти, кои често се навраќаат и за други проекти. Гаврил секогаш си поставува високи цели за секој проект, воведувајќи и тестирајќи нови идеи за просторот, како би постигнал висок квалитет, на неговата услуга.
Во неговото слободно време, Гаврил ужива истражувајќи архитектура на различни градови во Европа и САД, каде црпи инспирација за неговите проекти. Исто така, не ретко ужива да го инвестира своето слободно време во придонесување ко заедницата преку волонтирање во локални организации.
Пиши му на Гаврил