Select Page

GAGGENAU – Олицетворение на луксузни кујнски апарати, сега и во Македонија

Оваа недела, направивме кратка посета на новиот салон на GAGGENAU Македонија, во Скопје. GAGGENAU е водечки бренд за кујнски апарати и презеде пионерска улога во иновациите и дизајнот. Брендот потекнува од Германија, што е исклучителен доказ за квалитет. Нивниот успех се заснова на технолошкиот напредок и јасен дизајнерски јазик, безвременост, трајност и перфектното функционирање, кое во XXI век е надополнето со сите смарт технологии кои може да ги замислите.
Во салонот на GAGGENAU Македонија, кој е опремен со одлично дизајниран ентериер, можете да видите поголем дел од нивните иновации и начин на користење преку одлична презентација.

Кујнска Печка

Еден од најинтересните flagship производи од кујнски апарати кои се изложени во салонот, е оваа рерна, модел EB333111, која е изработена целосно од нерѓосувачки челик, а стаклото на вратата е четирислојно сигурносно стакло. Овој модел има 17 различни методи на загревање од 30 до 300 степени. Како додатен аксесоар на оваа печка, може дополнително да се набави камена плотна, особено наменета за приготвување на тесто, а за љубителите на пици е идеална алатка. Особено важно е да се напомене дека со оваа печка доаѓа систем за паметно проверување температура на месото кое се приготвува, со специјална сонда која навлегува во оброкот.
Најбитниот детал во врска со овој модел е, неговиот начин на самостојно чистење преку процесот наречен пиролиза, кој ја загрева внатрешноста на 485 степени, кој ги филтрира мирисите и ја прочистува емајлираната површина по која gaggenau се препознатливи.

kujnski aparati

Вграден Кафемат

За љубителите на утринско кафе во својот дом, од серијата 400, го имате моделот СМ 450712, кој е опремен со најсовремена смарт технологија. Односно, преку смарт системот кој е како дигитален барист, можете да го пиете вашето кафе точно според вашата мерка. Преку официјалната апликација можете да симнувате и додатни рецепти, и да правите кафе.
Овој кафемат е целосно изработен од нерѓосувачки челик, и автоматско отворање на предната врата. За оние кои добро го познаваат кафето, битно е да се напомене дека овој кафемат континуирано ја одржува топлината, со што во ниеден момент нема потреба од чекање за вашето кафе.
Целосно може да го управувате од touch дисплејот, кој има 44 јазично мени, на кој може да зачувате 8 персонализирани пијалоци, надвор од основните 9.
Опремен е со мелница од керамички ножеви кои не се трошат, што е од исклучително значење за долговечноста на кафематот.
Од особено значење е тоа што кафематот е опремен со 2 мелници, што е од главно значење за љубителите на кофеин, со што дава можност за персонализирани комбинации на доза Робуста и доза Арабика во кафето.
За крај ја зачувавме најиновативната функција за еден кафемат кој е од исклучително значење за долговечноста, а тоа е чистењето. Нормално, иновативните инженери на GAGGENAU дизајнирале програм за самостојно и целосно автоматско перење. Истото важи и за чистењето на системот за пареа, кој е наменет за млеко.

dizajn na dnevna soba

Кујнски плотни – плочи за готвење

За вистинските кулинари, GAGGENAU дава можност да го прилагодите вашиот простор за готење во идеална кулинарска средина со беспрекорно интегрирано спојување на модуларни единици. Модулите од кои што може да ја составите вашата површина за готвење се: Teppan Yaki (вид на Јапоснак техника за готвење на плона), индукциска плотна, гас, скара и вентилација. Она што тука е најиновативно, е новиот начин на вентилација/аспиратор. Овој модуларен сегмент се поставува во самата работна плоча, и воздухот и маснотиите ги спроведува на поинаков начин од стандардното, со специјални филтри. Додатно, овој тип на вентилација, има можност самостојно да ја регулира јачината која му е потребна за време на работата.

Оваа серија, Vario 400,  е контролирана од осветлените копчиња монтирани на челото на островот од внатрешна страна, додека ринглите од серијата Vario 200 нудат кохезивен дизајн во црна боја, со осветлени контролни копчиња.

kujnski ostrov

Погледнете ја целата галерија од салонот на GAGGENAU MACEDONIA подолу.

TУКА
можете да ги погледнете дел од нашите проекти кои се изведени идентично според нашите проекти. Нашиот искусен тим од архитекти, вложува големо внимание на нашите проекти за да се креира простор кој ќе одговара на вашите потреби.

На овој link посетете го нашиот победнички проект во категорија угостителство, кој остави посебен печат во нашето портфолио.

BT House design

Beaty studio design

LUXURY APARTMENT DESIGN

Спуштен плафон

Спуштен плафон - ДизајнСпуштен плафон во...

ентериерно решение пред и потоа

Ентериерно решение - Пред потоаВо светот на...

Дизајн на дневна соба

Дизајн на дневна собаМодерен дизајн на дневна...

Архитект за внатрешно уредување

Незаменливата улога на Архитект за внатрешно...

Дизајнер за внатрешно уредување

Дизајнер за внатрешно уредувањеВнатрешниот...

Осветлување – најбитен елемент во вашиот дом

Осветлување -  најбитен елемент во вашиот...

Внатрешно уредувања на стан

Внатрешно уредување на стан - проектБенефити од...

Кога да се нарача проект за внатрешно уредување?

Кога да се нарача проект за внатрешно...

Дизајн на ентериер во Скопје

Што значи да креираш добар дизајн на ентериер во...